Буџетот на ДИК скратен за 400 милиони денари

by fokus 18:14
18:14

Од повеќе од 531 милион денари на почетокот на годината, Државната изборна комисија останува со буџет од речиси 104 милиони денари.

Со ребалансот на буџетот, парите предвидени за работата на ДИК се намалени за 400 милиони денари.

Од Министерството за финансии велат дека огромното кастрење на средствата на ДИК било направено затоа што засега немало предвидено датум за одржување на избори.

– Кога се правеше и се усвојуваше буџетот за 2016 година, во Изборниот законик имаше датум за избори. Сега нема, и средствата се реалоцирани, но ако се закажат изборите третпат годинава, средства повторно ќе се обезбедат –велат од Министерството во изјава за „Мета“ .

Инаку, работната група иницирана од ДИК наскоро ќе започне нова проверка на Избирачкиот список. За утре е планирана нова средба, во која освен партиски претставници учествуваат и претставници на САД и ОБСЕ како и НВО секторот.

Од ДИК информираа дека од вкупно 1 милион и 800 илјади запишани гласачи, дополнителна проверка е потребна за 226.000.

Поврзани новости