Отповикан македонскиот амбасадор во Токио, по обвинувањата за сексуално вознемирување

by Fokus

Македонскиот амбасадор во Јапонија, кој е акредитиран и за Јужна Кореја Горан Цеков е отповикан од функцијата по барање на Владата, согласно Законот за надворешни работи, информираа за Фокус од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.

„Во однос на поведената процедура за неговото предвремено отповикување, како и причините за истата, ве упатуваме за повеќе детали да се обратите во Министерството за надворешни работи“, рекоа од кабинетот на претседателот.

Од Министерството за надворешни работи информираат дека согласно законските надлежности и интерните процедури, Комисиjата во рамките на Министерството за надворешни работи му препорача на Министерот за надворешни работи, да ѝ предложи на Владата повлекување на досегашниот амбасадор на Република Северна Македонија во Јапонија.

„Предложено е тој да се повлече врз основа на член 3 од Уредбата за утврдување на работи кои се сметаат како незадоволителни резултати и работи со кои им се причинува штета на интересите на државата во работата на амбасадорот („Сл. Весник на РМ бр. 90/09). Владата го прифати предлогот на Министерот за отповикување на вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија во Јапонија, по што, Претседателот на државата го потпиша указот за отповикување, кој што беше објавен во Службен весник“, соопшти МНР.

Пред еден Антонио Милошвски објави дека до амбасадата стигнале сериозни претставки од две жени. Едната од вработена во амбасадата во Токиоа, а другата од јапонска државјанка која имала повремени проекти со македонската амбасада во Токио. Како што изјави Милошвски двете поплаки се однесуваат на понижувачко, непристојно и непрофесионално однесување од страна на амбасадорот кон македонската државјанка, додека од јапонската државјанка, за жал, обвинувањата одат во насока за сексуално вознемирување.

Од Владата за ТВ 24 потврдиле дека амбасадорот е повлечен од Токио по обвинувањата за сексиално вознемирување.

 

 

Поврзани новости