Фатен крадец на велосипеди, се заканил дека ќе се самоповреди, а потоа нападнал полицаец

by Fokus

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во Скопје е уапсен крадец на велосипеди, кој при приведувањето се заканил дека ќе се самоповреди со штрафцигер, а потоа ги нападнал полицајците.

„По преземени мерки од страна на Одделението за криминалистички работи Кисела Вода ќе биде поднесена кривична пријава против Ф.М.(32) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека на 26.07 и 27.07.2023 извршил две кривични дела тешка кражба и кражба на велосипеди на подрачјето Кисела Вода и Аеродром“, соопшти МВР.

Полицијата со него извршила службен разговор во кој во целост ги признал начинот на извршувањето на кривичните дела, а одземените предмети биле вратени на сопствениците.

„При извршување на службен разговор Ф.М. со штрафцигер се заканувал дека ќе се самоповреди, но бил спречен од полициски службеници, а притоа Ф.М. нападнал полициски службеник. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок“, соопшти МВР.

Поврзани новости