Обвинителството отвори истрага и бара притвор за едно лице за „неовластено изработување, држење, посредување и трговија Со оружје или распрскувачки материи“ од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Како што соопштија од Обвинителството, осомничениот, вчера – на 12 јуни, на паркинг на улицата „Методија Андонов Ченто“ во Скопје, неовластено држел огнено оружје кое на граѓаните им е забрането – автоматска пушка со калибар 7,62Х39 мм и 60 куршуми муниција за ова оружје. Освен ова, тој со себе носел и друго огнено оружје за кое не поседувал дозвола – пиштол марка Smith Wesson со калибар 9 мм и 15 куршуми за тој пиштол.
Оружјето и муницијата биле пронајдени при личен преглед на осомничениот и при претрес на неговиот автомобил, на десното совозачко седиште.
Ценејќи дека постои опасност од бегство на осомничениот и можност тој да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје му предложи да изрече мерка притвор за осомниченото лице.