Еден починат, 76 нови заразени со Ковид 19 во Србија

by Fokus 20:31
20:31

Во последните 24 часа во Србија за Ковид-19 биле тестирани примероци од 3.328 лица, од кои 76 биле позитивни за коронавирус, а едно лице починало, пренесува „Блиц“ и потсетува дека вчера имало 73 новозаразени за 24 часа од 5.793 тестирани лица, а немало смртни случаи.

-Бројките ги потврдуваат изјавите на нашите епидемиолози дека треба да бидеме загрижени за оваа состојба затоа што денес имаме скоро 2.500 помалку тестирани, а плус три случаи на заразени, пишува „Блиц“.

Процентот на позитивни во однос на бројката на тестирани денеска е 2,28 проценти. „Блиц“ пишува дека 2,5 проценти е прагот што не смее да се премине и потсетува дека на почетокот на овој месец тој процент бил 0,5.

Пред околу 20 дена, во Србија имаше само околу 20 случаи на ден.

 

Поврзани новости