506
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека починатиот маж, пронајден во шахта на Водно на почетокот од ноември, е на 58-годишниот скопјанец З.П. На телото, велат од полицијата, нема никакви траги од насилство според завршените наоди и обдукција.
Информацијата за пронајденото тело беше објавена на 7-ми ноември. Телото беше пронајдено во канализациска шахта на локацијата “Сончев град“, село Сопиште, скопско.