ДС: Конечната одлука за компромисниот договор за името треба да ја донесе Парламентот

by Fokus
Демократскиот сојуз смета дека постигнување компромис за надминување на спорот околу нашето Уставно име наметнат од Грција е прашање за кое е потребен и политички и граѓански консензус.

„За да се дојде до решение е неопходна политичка храброст, одговорност и лидерство.

Решението кое не го загрозува нашиот идентитет, јазик и достоинство може да биде основа за ги деблокира евроатланските процеси и Македонија да добие покана за членство во НАТО и започнување на пристапните преговори за влез во ЕУ. Но каков и да е компромисниот договор, конечната одлука треба да ја донесе Парламентот, со што народните избраници ќе ја преземат одговорноста за иднината на државата како легитимни претставници на народот“ – се наведува во партиското соопштение.

Од таму додаваат дека референдумот може да биде алиби на политичките водства и да го сруши целокупниот процес, доколку претходно не се обезбеди политички -партиски консензус.

„Затоа ја возобновуваме идејата за консултативен референдум. Сериозно да се размисли за идејата за одржување на консултативен референдум, на кој граѓаните ќе се изјаснат пред да се постигне конечен договор помеѓу Македонија и Грција. Стратешки, национален и државен интерес е Република Македонија да стане членка на НАТО и Европската Унија, зад тој интерес стојат граѓаните – продолжува понатаму во соопштението.

Поврзани новости