Додека пешачел го погодил заталкан куршум

by Fokus

Жител на село Лешани, Охридско, вчера попладне бил погоден од заталкан куршум, информораа од МВР.

Според полицијата, инцидентот се случил во 16:50 часот, а бил пријавен во СВР-Охрид од охридската болница „Св.Еразмо“ каде бил донесен Ј.М. (38) од с.Лешани – Охрид, со прострелна рана во пределот на надлактицата од левата рака. Од страна на полициски службеници бил извршен разговор со Ј.М., кој што кажал дека околу 16,30 часот додека се движел пеш со негов роднина од с.Лешани кон место викано „Гркополе“ бил погоден од заталкан куршум, наведуваат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Поврзани новости