Откорната оградата на Водно, Шилегов вели сторителите се несреќни луѓе

by fokus

Откорната е дрвената ограда што ја постави Град Скопје покрај патот на Средно Водно со цел заштита на зеленилото на парк шумата. Несовесни граѓани ја откорнале и бутнале оградата покрај патот кој води до Средно Водно, на страничниот дел од улицата каде често Скопјани ги паркираа своите автомобили.

Градоначалникот, Петре Шилегов, најавува дека оградата повторно ќе биде поставена.

„Некогаш навистина не можам да разберам зошто, кој и што мака има да уништува јавно добро. Тоа се сепак наши, заеднички пари. Оградата на Водно ќе ја поправиме, а за сторителот/ите, убеден сум дека и денеска се исто толку несреќни како што и биле кога ја срушиле“, напиша градоначалникот на својот фејсбук профил.

Поврзани новости