Откажана целокупната агенда на СДСМ и Заев во наредните денови

by fokus

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев ги откажа сите активности во наредните денови, а откажани се и сите настани од партиската агенда со цел да се превенира ширење на корона вирусот.

– Иако денеска беа закажани средби на претседателот Зоран Заев со неколку стопански комори, а утре и задутре беа предвидени партиски настани во повеќе граѓани, политичкото раководство на СДСМ одлучи да се откажат настаните, бидејќи нема поголема вредност од јавното здравје, рече генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски на денешата прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање.

Николовски на прес-конференцијата ги објасни петте столба на програмата на СДСМ, за повисоки плати, развој, напредок на државата.

Поврзани новости