Отказ за подофицерката Дуриќ која протестираше со Шарената револуција

by fokus

Подофицерката Јасмина Дуриќ, која изминатиов период стана позната во јавноста поради активизмот во „Шарената револуција”, не е повеќе вработена во Министерството за одбрана.

Во изјава за 24 Вести, вели дека отказот официјално не го добила на домашна адреса,  но нема плата, ниту социјално и здравствено осигурување, иако неколку месеци  била  на боледување.

Дуриќ е сигурна дека причината за отказот е нејзината отворена поддршка и учество во протестите на Шарената револуција. Претходно, без објаснување, таа беше прекомандувана од позицијата референт за логистика во Министерството за одбрана во Скопје, и префрлена на позицијата командир на магацинот за храна во касарната во Кичево.

Јасмина не жали за отказот, бидејќи слободата за неа е поважна од ограничувањето јавно да го искаже својот став. Сепак, вели дека правдата ќе ја бара на суд, каде веќе поднела тужба против Министерството.

Поврзани новости