Александров: МПЦ под итно да го расчини Владиката Петар

by fokus 21:02
21:02

Здружението на македонски заедници денеска побара итно и целосно повлекување на владиката Петар од Австралија. Ова следува по неговата најавата дека црквите во својата Епархија ќе ги стави под нова компанија, што за Здружението е директно признание дека владиката сака да го приграби имотот во Австралија.

-Владиката Петар, кој е недостоен за неговиот чин, со изјавата од минатата недела дека сите цркви ќе ги стави во една компанија, призна дека 20 години води скандалозна хајка за приграбување на имотите на македонските православни заедници во Австралија-  вели Игор Александров, претседател на македонските заедници во Австралија.

- Advertisements -

Тој го повика Синодот на МПЦ „да стави крај на ваквото девалвирање на устројството и на угледот на МПЦ“ и да го повлече и расчини Петар од Австралија. Александров потсети дека според уставот на МПЦ, македонските православни заедници треба да бидат здруженија на граѓани, а не приватни бизниси.

Владиката Петар пак, ги отфрли обвинувањата на здружението и вели дека неговиот предлог не е поврзан со бизнис интереси. Тој убедува дека иако регистрацијата е на корпорација, имотите остануваат во сопственост на МПЦ.

Поврзани новости