Засилено обезбедување во болницата „8 Септември”, по инцидентот во Ургентниот центар

by fokus 20:25
20:25

Градската болница „8 Септември” го засили обезбедувањето, по инцидентот во кој толпа од триесетина револтирани роднини на починат пациент, дивеја и го демолираа Ургентниот центар.

Менаџментот на установата направил прераспределба и од фирмата која ја обезбедува болницата ангажирале дополнителен кадар. Од болницата информираат дека по инцидентот, досега немало нови закани и провокации од пациенти и посетители.

- Advertisements -

Причина за нередите во Ургентниот центар пак, била смртта на роднина, кој лекарите не успеале да го вратат во живот и по 40 минути поминати во собата за реанимација.

Минатата недела во полициската станица во Карпош биле повикани двајца од оние кои кршеле, а поради нарушување на јавниот ред и мир треба да платат казна од по 400 евра.

Поврзани новости