Навивачите на Мароко повторно предизвикаа нереди, овој пат во главниот град на Франција, Париз, откако нивната репрезентација загуби од Хрватска во мечот за третото место на Светското првенство во Катар.
Според видеата објавени на социјалните мрежи, но и информациите кои ги пренесоа француските медиуми, Мароканците предизвикале големи нереди во овој град, каде масовно се тепале со полицијата и покрај тоа палеле моторни возила.
Полицијата вложи големи маки да се справи со хулиганите, а нема сомнеж дека многу од нив ќе бидат најстрого казнети за стореното.
Неодамна, по поразот од Триколорите во полуфиналето на Светското првенство, тие се степаа со Французите во градот Монпеље на еден од градските плоштади, каде – исто како и во синоќешниот конфликт – беа употребени голем број пиротехнички средства. .
Франција го победи Мароко со 2:0 и се пласираше во финалето на Светското првенство, а потоа Мароко загуби од Хрватска со резултат 2:1 во мечот за третото место.
Сепак, Мароканците генерално одиграа одличен турнир, станаа првата африканска селекција која стигна до полуфинале на Светското првенство, но без разлика, некои од нивните навивачи ја претставија оваа земја на негативен начин