Драгана Спасовска: Ми годат споредбите со Сидеров, ама со Груевски имаме повеќе сличности

by fokus 16:21
16:21

Моделот Драгана Спасовска, која по татко е Македонка, а по мајка Бугарка, деновиве се најде во бугарските медиуми, според кои, убавицата живеела полуксузно дури од нивниот познат политичар и лидер на партијата Атака, Волен Сидеров.

Во текстот за Драгана, бугарскиот медиум ,,Марица’’ тврди дека таа го надминала во луксуз и Волен Сидеров, кога за пет дневен одмор на Малдиви потрошила 30.000 лева.  Сепак, атрактивната моделка, вели дека и покрај тоа што и годат пишувањата дека живее полуксузно од Сидеров, уште повеќе би и импонирало кога би ја споредиле, на пример со лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски.

- Advertisements -

,,Јас уживам во луксуз, тоа е факт. Голем хедонист сум, сакам да патувам, да купувам брендирана облека, да бидам опкружена со стилски мебел, сакам барок, сакам да дегустирам гурмански специјалитети. Затоа мислам дека повеќе би ми одговарало кога би ме споредиле со Груевски, затоа што додека бев во Македонија, имав можност да прочитам во медиумите дека тој е обожавател на познати модни брендови, и дури бил фотографиран со наочари за сонце кои што изнесуваат околу 60.000 евра. Во ред е Сидеров, но сепак Груевски е многу посличен со мене, обожава уметност, ете имал и цели колекции на уметнички слики, се вози во автомобил од марката „мерцедес“, каков што и јас лично посакувам во мојот возен парк’’, раскажува Драгана.


Таа моментално е во Јужна Африка, со своја пријателка, каде што одмора од работа. Веќе неколку години живее во Дубаи, каде што работи како брокер.

Додека беше во Македонија, работеше како модел, а во соседна Бугарија се појави во спотовите на музички ѕвезди и учествуваше на разни избори за убавина.

На нејзниот Фејсбук профил, често споделува фотографии од луксузни патувања, од брендирана облека, ноќен живот во елитни ресторани и клубови… Позната е по тоа што не штеди кога е во прашање модата и добриот изглед.

Вики Клинчарова

Поврзани новости