455
По поставувањето на камен темелникот на новиот крст во Бутел, реагираше и Отец Пимен, за кого поставувањето на крстот, а претходно и двоглавиот орел, се само провокации за, како што напиша тој, за да почнат безумства.
-Орли и крстови. Провокации и паѓања на провокации. Обично, низ целиот свет, спомен обележја се ставаат како симбол на крај на безумства и крвопролевања. Кај нас обратно е. Се поставуваат за да почнат безумствата, напиша отец Пимен на својот фејсбук профил.
Вчера по поставувањето на камен темелникот во Бутел беше претепан претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров, кој го гради крстот.