Отец Пимен: Илија друже, во тебе верувам

by fokus

Отец Пимен се јави со реакција пред Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ на 23 декември во Валандово. Тој на својот Фејсбук профил напиша:

-Глупо е да се мешаш во избор на партиски лидер од надвор. Глупо е да не кажеш мислење како стар член од внатре, иако веќе си надпартиски. Ама пак кога имаш можност, ако се распадне партијата да им ја лапнеш партиската зграда по статут иако не ти треба, ама повеќе сакаш да имаш квалитетна опозиција, па да баталиш материјално и да останеш без имот, ама да имаш здрава држава, ќе речеш Илија друже во тебе верувам.
И нормално очекуваш наместо за пристрасност да ти си сипаат за лакомост
Важно да сме живи и здрави и да знаеме која ни е татковина. Пишувам на македонски јазик за да не мислите дека бугарскиот ми е мајчин јазик според последните толкувања.
П. С. Фала Му на Бога што можам да ве сакам сите повеќе отколку што може да ме мразите. Еден ден можеби ќе сфатите зошто било така.

Поврзани новости