На сајтот на Владата ќе бидат објавени сите службени трошоци на министрите и замениците

by fokus

Владата на денешната седница одлучи министрите, замениците-министри, државните секретари и генералниот секретар да достават информации за службените трошоци направени во рамките на предвидениот буџет во првите шест месеци од преземањето на функциите.

Одлуката е во согласност со начелото на Владата за транспарентно и отчетно трошење на државните средства, соопшти владината прес-служба.

Практиката да се доставуваат службените трошоци во блиска иднина ќе се однесува и на сите останатите носители на јавни функции.

Со оваа одлука Владата го задолжи Секторот за односи со јавност во Владата да изработи софтверско решение за прикажување и визуализација на службените трошоци и истото да го постави на официјалниот сајт на Владa на Република Македонија.

Поврзани новости