Во засилената медиумска пропаганда за „десоросоизација” на Македонија, станаа дел и свештените лица од Македонската православна црква. Провладините медиуми го цитираат отец Ивица Тодоров од Скопската епархија на МПЦ, кој на својот Фејсбук профил ја „оценува” целта на Џорџ Сорос.
-Целта е морална и генетска мутација, да го забрзаат светскиот процес на ентропија, односно празнење на духовните, менталните, интелектуалните и личносните капацитети на конкретна личност, општество, нација, држава, човештвото. Тоа е процес на зомбирање, формирање на форми без суштина, личности без Богоцентричен светоглед, а со препознатлив нихилистичко огревовен светоглед. Таквите “личности” се себецентрични, односно дрски егоисти и себеугодници. Како такви стануваат “топовско месо” на своите идеолошки дилери кои ги дрогираат со умисленоста дека тие се “фактор”, дека се’ им е дозволено и дека не постои грев и одговорност!- напиша Отец Toдоров..