Тачи: Србија ќе ја признае независноста на Косово

by Фокус 20:48
20:48

Србија порано или подоцна ќе ја признае независноста на Косово, a сонот на српскиот дел на сецесијата на Косово ќе заврши засекогаш, изјави министерот за надворешни работи на Косово, Хашим Тачи во интервју за агенцијата Хина.

Запрашан за неодамнешната изјава на премиерот на Албанија, Еди Рама, за можноста за обединување на Косово со Албанија, Тачи вели дека идејата за Голема Албанија е зачната во Србија и нема никаква врска со Албанците.

- Advertisements -

-Идејата за Голема Албанија не ја смислиле Албанците, туку непријатели на Албанците, а Белград погрешно ја протолкува изјавата на Рама, рече Хашим Тачи.

 

Поврзани новости