Полицијата му поднесе кривична пријава на директорот на комуналното во Струга

by Фокус 10:28
10:28

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против актуелниот Директор на ЈП “Комунално” од Струга, Г.К.(51) од Струга, поради основано сомнение дека сторил кривично дело “злоупотреба на службената положба и овластување” – извести МВР.

Според нивното соопштение пријавениот се товари дека во својство на службено лице – Директор на ЈП Комунално од Струга, во период од 18.10.2013 до 18.11.2013 година, ја злоупотребил службената положба и овластување затоа што самоволно, спротивно на Закон за облигациони односи, противправно го раскинал договорот со приватниот партнер и при тоа му нанел претпоставена штета – испуштена корист во износ од 5.898.960 ден и покрај фактот што приватниот партнер изразил волја за соработка и надминување на еднострано наметнатите недоразбирања од страна на јавниот партнер.

- Advertisements -

Директорот на ЈП “Комунално”од Струга, со злоупотреба на службената положба и овластување, ја искористил околноста за што е овластен да постапуваат во дадена ситуација, со цел да му нанесе претпоставена штета-испуштена корист на правниот субјект Албафох ДООЕЛ во вкупен износ од околу шест милиони денари. Инаку, правното лице Албафох ДООЕЛ е трговско друштво специјализирано за вршење работи од областа на давање комунални услуги за отстранување, преместување на непрописно запрени, паркирани, хаварисани и напуштени возила.

Според документацијта директорот на ЈП “Комунално” Струга донел одлука за формирање на комисија за спроведување на постапка за склучување на Јавно приватно партнерство за услуги со специјално возило-пајак на територијата на Општина Струга и во август 2012 година ЈП “Комунално” Струга издал Отворен повик за избор на приватен партнер за вршење јавни услуги со специјално возило – пајак, каде биле изложени условите за учествување на тендерот, односно условите за склучување на Договорот за јавно приватно партнерство. Во отворениот повик било предвидено дека приватниот партнер треба да набави специјално возило-пајак со кое ќе ја извршува работата за време траење на договорот односно за период од 10 години, да врши јавна услуга подигање на непрописно паркирани возила, да ги носи на место кое јавниот партнер го одредил за тоа, а инвестицијата на јавниот партнер била да му обезбеди на приватниот партнер место за складирање на подигнати возила.

Јавниот партнер зел обврска, покрај обезбедување јавно паркиралиште-депо на пајак службата да му обезбеди на приватниот партнер еден работник асистент на специјалното возило. После потпишувањето на договорот, приватниот партнер продолжил со извршувањето на обврските и истите непречено ги извршувал во период од 10 месеци. Во текот на октомври 2013 година од страна на јавниот партнер застапуван од пријавениот, без никаква најава или доставување на било каков допис, му било оневозможено на концесионерот (приватен партнер) да го користи паркинг просторот согласно договорот, при што концесионерот го пријавил случајот во ПС Струга.

Јавниот партнер, и покрај подготвеноста за соработка од страна на концесионерот, продолжил да не ги исполнува своите обврски, односно не дозволувал паркирање ниту пак испраќал асистент, со што приватниот партнер бил принуден повторно да пријави дека трпел штета и губел заработка која требало да ја оствари друштвото.

Во ноември, осомничениот, спротивно на чл.122 од Закон за облигациони односи пристапил кон противправно, еднострано и самоволно раскинување на договорот за јавно приватно партнерство. Образложението за прекин на Договорот, пријавениот го темелел дека при увид во тендерската документација било утврдено дека постапката е некомплетна и незаконски спроведена, а склучениот договор е штетен за ЈП “Комунално” Струга.

Во декември 2013 година економски вештак изготви записник со наод и мислење, со кој е утврдена вкупната штета на име изгубена корист односно приходи кои приватниот партнер би ги остварил до крајниот рок на важноста на Договорот во висина од околу шест милиони денари.

 

 

Поврзани новости