Осуммина биле мртви уште пред да падне „кингерот“

by Фокус

За дваесет дена ќе бидат обелодени вистинските причини за падот на владиниот „кингер“, во кој пред 10 години загина претседателот на државата Борис Трајковски и осум негови соработници. Според неофицијални информации, втората истрага за авионската несреќа  покажала дека осуммина кои биле во авионот починале од експлозијата – од изгореници, како последица на јак оган, и од задушување, пишува Вест.

Другите информации во извештајот покажуваат дека еден од двајцата задолжени за обезбедување на Трајковски, по експлозијата излетал од „кингерот“ и починал од падот и од скршеници. Истражителот Омер Кулиќ тврди дека новата истрага точно открила што се случило пред 10 години и како загина претседателот Трајковски и неговите соработници.

Поврзани новости