Повредени двајца рудари во рудникот „Добрево“

by Фокус

Двајца рудари утрово се здобиле со повреди при експлозија во рудникот „Добрево“ во Пробиштип. Причината за експлозијата се уште не е позната, но не се исклучува можноста да експлодирала мина.

Од експлозијата биле повредени, 42-годишниот рудар Д.З и 49-годишниот З.Т. од Пробиштип, кои веднаш  по несреќата биле префрлени на Клиничката болница во Штип.

Со потешки повреди поминал помладиот рудар кој добил повреди на лицето и ќе биде опериран. Неговиот колега поминал со полесни повреди и по свое барање ќе биде пуштен на домашно лекување.

Најавено е дека рударски инспектор и јавен обвинител ќе извршат увид во рудникот.

Во последните десетина дена ова е втора несреќа во рудникот „Добрево“ со кој раководи фирмата „Индо-минерали и метали“. Претходно, камен блок падна врз рудар, по што тој заврши со повреди на грбот.

Поврзани новости