Осумдневен притвор за докторот Ставриќ

by fokus

По барање на Обвинителството, судијата на претходна постапка, му одреди осумдневен притвор на офтолмологот Дејан Ставриќ, по што експресно беше однесен во истражниот затвор „Скопје“. Ваквата одлука судијата на претходна постапка ја оправда со обраложението дека докторот можел да го повтори делото.

Ставриќ вчера беше уапсен, во кафуле кај новата автобуска станица, откако против него беше поднесена кривична пријава од пациент. Според МВР, Ставриќ наводно земал мито од 2.000 евра, за да посредува при добивање на инвалидска пензија.

Поврзани новости