Вкупно осум здравствени работници од гостиварската болница се заразени со корона вирусот, објави МИА. По направените тестирања изминативе денови, по утврдените три случаи на заразени медициски лица, откриени се уште пет нови.
Во општата болница „Др. Ферид Мурад“ биле земени 138 брисеви. Епдимеолошките портоколи се спроведени откако минатата недела една медицинска сестра и еден лекар од интерното оддление се покажаа позитивни на корона тестот. Во петокот беше потврдено дека уште една медицнска сестра од инфективното одделение, исто така, е заразена.
Болничката управа од почеткот на состојбата воведе рестриктивни мерки за прием на пациенти и го ограничи влезот во болницата. Општата болница е најголема здравствена установа во гостиварскиот регион со околу 500 вработени.