Поради корона вирусот над 10.000 вработени во туристичкиот сектор во Словенија останаа без работа

by fokus

Поради епидемијата на корона вирусот и ограничувањето на движењето над 10.000 вработени во туристичкиот сектор, во приморските градови во Словенија, останаа без работа, информираа од Крајбрежната синдикална организација.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, во овој период лани, 54 отсто од сместувачките капацитети во приморските градови во земјата беа исполнети, а сега поради епидемијата тие се комплетно затворени.

Според најоптимистичките предвидувања, хотелите и рестораните во Копер, Изола, Пиран, Порторож и Анкаран ќе бидат отворени кон средината на мај.

Во Словенија се врши кампања летните одмори Словенците да ги поминат во својата земја и на тој начин директно да му помогнат на туризмот.

Поврзани новости