Осудените од шест големи судски случаи бараат амнестија, сметаат дека неправедно се осудени

by fokus

Oрганизацијата „Транспаренси Интернешнл“, денеска ја презентираше анализата на шест судски предмети, кои во јавноста се познати дека се политички мотивирани.

„Престроги казни, без мотиви на осудени, без јасно обвинение и пресуди засновани само на индиректни докази или сведочења на заштитени сведоци“, од ТИ со помош на правни експерти откриваат низа неправилности, при водењето на 6 големи судски постапки.

Во истражуваните случаи се осудени дваесетина луѓе кои сега, заедно со семејствата, бараат поништување на пресудите и нови поправични судски спорови.

Во анализата на овие предмети се клучни поранешни обвинители и судии со многугодишно искуство. Станува збор за судските предмети: „Детонатор“, „Фаланга“, „Ликвидација“, „Мигранти“ и „Аполон“.

Експертите оценуваат дека се работи за специфични судски предмети. Според нив, обвинителите не го образложиле доволно обвинението и дека не се обезбедени доволен број на докази.

Експертите во иднина бараат Закон за амнестија и формирање на еден стручен орган, кои во детали ќе им ги приближат на судските предмети.

Поврзани новости