Реакција на ВМРО-ДПМНЕ: СЈО работи непрофесионално, необјективно и пристрасно

by fokus 16:17
16:17

По соопштението на СДСМ, каде беше упатена порака до поранешниот премиер Груевски, да одговара за своите постапки и да се појави на распит во Специјалното јавно обвинителство, од ВМРО-ДПНЕ излегоа со реакции.

„СЈО е продолжена рака на СДС и воопшто не изненадува тоа што Зоран Заев испраќа соопштенија и реакции во името на Катица Јанева. Работењето на СЈО е целосно непрофесионално, необјективно и пристрасно, па затоа користи иста ПР служба со СДС“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

- Advertisements -

Оттаму велат дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ уредно се појавувал на сите судски рочишта на кои бил уредно и навремено повикан.

„Заев е рекордер по средби со амбасадори, конзули, портири кои служат единствено како повод да се избегне појавувањето пред судовите. Зоран Заев е човекот кој јавно кажа дека не го признава македонското судство.

Затоа лицемерно е Заев да испраќа партиски соопштенија пред себе си да се погледне во огледало“, додаваат во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости