Осуденик бегал од полицијата со 13 Пакистанци во својот „Фолксваген“

by fokus

36-годишен скопјанец бегал од полицијата на автопатот кај селото Смоквица, превезувајќи во својот „Фолксваген“ 13 мигранти.

Како што велат од МВР вчера во 04.00 часот на автопатот кај село Смоквица полициски службеници се обиделе да запрат патничко возило „Фолксваген“ со швајцарски национални ознаки. Возилото не застанало туку продолжило со движење по автопатот од Гевгелија кон Скопје.

„После клучката за с.Миравци возилото било пронајдено, а возачот побегнал. Во возилото биле пронајдени 13 лица-мигранти, сите од Пакистан. При пребарување на теренот бил пронајден возачот на возилото и било утврдено дека се работи за лицето Ф.И. (36) од Скопје. Ф.И. (36), заедно со мигрантите, бил однесени во Полициската станица за Граничен премин и Граничен надзор Богородица. Бидејќи се барал за издржување на казна затвор, тој ќе биде спроведен до Казнено поправната установа „Идризово““, информираат од МВР.

Поврзани новости