Повредени двајца работници додека се обидувале да отстранат дефектен воз од шините

by fokus

Двајца работници од возен персонале се здобиле со повреди додека се обидувале да отстранат од шините дефектен воз.

„На 24.06.2018 година околу 18.00 часот било пријавено дека на потегот од стојалиштето Дуброво и железничката станица Демир Капија, на отворена пруга, при дефект на товарен воз, со намера возот да се отстрани од пругата, дошло до железничка незгода, односно од непозната причина машината удрила во другата машина од товарниот воз, при што едната осовина излегла од шините. Повредени се две лица од возниот персонал на кои лекарска помош им била укажана во Градската општа болница Неготино. Увид ќе се врши од страна на Полициска станица Неготино и комисија од Македонски железници. Патничкиот и товарниот сообраќај бил во прекин од 18.00 часот на тој дел од пругата. Во 01.50 часот железничкиот сообраќај бил нормализиран“, велат од МВР.

Поврзани новости