Oсудената во предметот на СЈО „Таргет-Тврдина“, Е.Џ. по налог на бегалецот, Горан Грујевски, три и пол часа во УБК ги бришела трагите од прислушувањето. Ова го пишува во пресудата на кривичниот суд за спогодбата на осудената со специјалното јавно обвинителство до која дојде „Макфакс“, користејќи го правто на слободен пристап до информации од јавен карактер.
На 28 јануари 2016 година, осудената како началник на „Единицата за телекомуникации“ при „Одделот за оперативно-техничка поддршка“ при УБК, познат како петта управа, им помогнала на обвинетиот Горан Грујевски и уште на неколку други лица и ги прикрила елктронските траги од незаконското прислушување. Според пресудата, осудената ги архивирала податоците од три интермедијациски LI IMS сервери, кои се во сопственост на телекомуникациските оператори, сместени во УБК: Eден сервер на T-Mobile, еден на One, и еден сервер на ВИП. На овие системи се наоѓале електронските траги и податоци за телефонските броеви кои биле предмет на следење на комуникациите. „Податоците од регистарот на активности ги отстранила од северите и ги експортирала во соодветна датотека на систмот, а датотеката ја отстранила од системот на надворешен мемориски уред, со што ги прикрила трагите од кривичното дело“, пишува во пресудата на кривичниот суд.