По сообраќајка во Тетово, девојка од Косово се бори за живот

by Fokus

Во текот на вчерашниот ден на улицата Видео Смилевски Бато“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 59-годишниот М.Р. од Тетово и патничко моторно возило „Цитроен Ц3“ исто така со тетовски регистарски ознаки, управувано од 29-годишниот Н.Р. од Тетово.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобилa сопатничката од возилото „Голф“ Н.Н.(21) од Косово, која по укажаната лекарска помош во Клиничка болница Тетово е префрлена во Комплекс клиники “Мајка Тереза” Скопје.

Извршен е увид на местото на настанот.

Поврзани новости