Лојд Остин – американскиот секретар за одбрана порача дека САД и коалицијата нема да дозволат Украина да загуби во битката против руската агресија.
Тој рече дека најмалку 315.000 руски војници биле убиени или ранети од сеопфатната инвазија на Путин во февруари 2022 година.
„Русија плати неверојатна цена за империјалните соништа на Путин. Русија потроши до 211 милијарди долари за опремување, распоредување, поддржување и одржување на својата империјална агресија против Украина. Војната на Путин ќе ја чини Русија 1,3 трилиони долари во претходно очекуваниот економски раст до 2026 година. И бранителите на Украина продолжуваат да ги деградираат способностите на Кремљ“, додаде Остин.
Секретарот истакна дека Украина веќе потопила, уништила или оштетила околу 20 средни до големи бродови на руската морнарица и продолжува да соборува руски воени авиони.
„Значи, нашата денешна порака е јасна. САД нема да дозволат Украина да пропадне. Оваа коалиција нема да дозволи Украина да пропадне. И слободниот свет нема да дозволи Украина да пропадне“, порача Остин.
САД најавија дополнителна безбедносна помош за Украина, во вредност од 300 милиони долари.