Малолетници се тешко повредени, излетале со возило од пат во Тетовско

by Fokus

Двајца малолетници се тешко повредени откако денеска околу 14 часот излетале со возилото на локалниот пат Стримница – Челопек, во Тетовско.

– Во СВР Тетово е пријавено дека патничко моторно возило „смарт“ со тетовски регистарски ознаки управувано од малолетник од Челопек излетало од коловоз. Во несреќата, возачот и сопатникот во возилото, исто така, малолетник од Стримница се здобиле со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница – информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

 

Поврзани новости