647
Дел од осомничените во случајот „Талир“ се повикани денеска на распит во СЈО, а оние кои немаат добиено известување ќе бидат повикни в понеделник.
Дел од осомничените во случајот, одбиваат да ги примат известувањата, а рокот за доставување обвиненија од 18 месеци, истекува на 30-ти овој месец.
„Талир“ е прва истрага со основано сомнение за перење пари и незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ. Според Специјалното Јавно Обвинителство, првоосомничениот, Никола Груевски, ја злоупотребил својата службена положба со тоа што прифатил незаконски пари и формирал група која се занимава со перење пари, кои потоа ги уплаќале парите на сметка на партијата.