Собраниската комисија ќе ги разгледува барањата за апанажа

by fokus

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата, денеска ќе ги разгледува поднесените 39 барања за остварување на правото на плата по престанок на функцијата пратеник.

Според последните измени на Законот за плата и другите надоместоци на пратеници во Собранието и другите избрани и именувани лица и измените на Законот за пратеници од јули 2014, пратениците и другите функционери нема да можат да користат апанажа една година како претходно, туку според времетраењето на мандатот.

Апанажата е во висина на платата на пратениците, а ја исплаќа Собранието на Република Македонија. Поранешните пратеници ќе имаат право и надоместок и за време на годишниот одмор.

 

Поврзани новости