433
Осомничениот за нападот со камион во Стокхолм бил кандидат за азил чија молба била одбиена и тој требало да биде депортиран, соопшти шведската полиција.
Осомничениот е 39-годишен маж од Узбекистан, кој е познат на шведското разузнавање. Се смета дека тој е симпатизер на организацијата „Исламска држава“.
Пред два дена камион прегази пешаци на централна улица во Стокхолм и потоа влета во објект на трговски центар. При нападот загинаа четири лица, а 15 беа повредени. Девет лица се во тешка состојба.