Петар Атанасов: Децата станаа жртви на неписмените образовни политики ВИДЕО

by fokus 14:17
14:17

Петар Атанасов, претседател на Комисијата за образование на СДСМ денеска повика итно да се деблокира Собранието и да се формира новата реформска Влада, која ќе почне веднаш да работи на последиците од катастрофалните образовни политики на досегашната власт.

– Во прашање се нашите деца! Две релевантни меѓународни институции, ОЕЦД и Светската банка излегоа со многу загрижувачки податоци – дека повеќе од 2/3 од учениците на возраст од 15 години се функционално неписмени! Истовремено, учениците од Македонија покажале меѓу најслабите резултати според светски релевантната организација ПИСА, на тестирањето по наука, математика и читање со разбирање! Министерството за образование секоја година добива негативни оценки во извештаите на Европската унија дека нема капацитет за големи реформи. Образовните институции се неповрзани и неспособни. Недостигот на стабилен и сериозен образовен систем се скрши врз грбот на децата кои станаа жртви на неписмените образовни политики на досегшната власт – рече Атанасов.

- Advertisements -

Тој рече дека во Програмата на новата реформска се предвидени сериозни образовни реформи што посветуваат сериозно внимание на младите и личниот напредок, бидејки тие се движечката сила и моторот на едно општество.

Поврзани новости