Осомничени десетмина од УБК за незаконско прислушување

by fokus
Во предметот  „Таргет“ се осомничени десет лица, поранешни и актуелни вработени во Управата за безбедност и контраразузнавање, рече Фатиме Фетаи, обвинителка во СЈО.

Прво осомничениот кој бил на раководна позиција во Управата за безбедност и контраразунавање давал наредби за следење на политичари , бизнисмени и новинари.

Второосомничениот, во координација со првоосомничениот, но и самостојно го организирал процесот на прислушување.
„Тој бил запознаен со сите имиња и лозинки за следење и освен што давал наредби и самиот внесувал телефонски броеви за кои немало судски наредби. Постои основано сомнение дека третоосомничената, постапувајќи по наредби на второосомничениот, постапувајќи спротивно на законите и без судски наредби за одредени телефонски  броеви, проследувала телефонски броеви кои требало да бидат следени“ – изјави обвинителката Фатиме Фетаи која додаде дека разговорите биле и транскрибирани.

Поврзани новости