Спасов: Ременски измислува афери!

by fokus 19:00
19:00

Заменик министерот за труд и социјала, Диме Спасов преку соопштение се огласи на денешната изјава на министерката Фросина Ременски, која поднесе кривична пријава за сообраќајниот инцидент на Спасов со службениот „туарег”.

Спасов тврди дека нема ништо незаконско со користењето на возилата и обвинува дека Ременски го клевети. Заменик министерот најави и контра-привични пријави против министерката за клевета и лажно пријавување.

- Advertisements -

– Денешната изјава на Фросина  Ташевска Ременски во која искажа низа манипулации и лаги покажува во колкава паника се наоѓа пред заминување. Навредите и клеветите се нејзин обид да го прикрие сето незаконско и несовесно работење кое го направи во мандатот за кое до сега и се поднесени  тужби и   кривични пријави, се вели во реакцијата на Кабинетот на дополнителниот заменик министер Спасов.

Тој додаде дека ќе биде извршена целосна ревизија на работењето на техничката министерка и во првиот и во вториот мандат за што, како што тврди, постоеле докази и аргументи.

Поврзани новости