Обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и што произлегуваат од незаконското следење на комуникации од судија на претходна постапка побара да се издаде наредба за одземање на документација од Централниот регистар, додека наредба за претрес не е побарана, соопштија од Основниот суд – Скопје 1.
„Издадената наредба за одземање на документација која е побарана од страна на СЈО во овој случај како и во повеќе предмети претходно покажува дека Основен суд Скопје 1 – Скопје соработува и има позитивен притап кон работата на СЈО во извршувањето на нивната законска надлежност и овластувања наспроти јавно пласираните информации дека ова обвинителство се соочува со најголем отпор токму со овој суд како што и тие самите наведуваат во нивниот извештај“, се наведува во соопштението на Судот.