Основен суд: Од каде Иванов ја црпи надлежноста да бара увид во судски докази?

by fokus

Основниот суд 1  не може поинаку да го разбере освен како обид за директно мешање во независноста на судот барањето на Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов да му достави службени белешки од МВР – УБК кои се дел од заведен судски предмет, реагираат попладнево до Судот.

Во таа смисла Основниот суд Скопје 1 денеска, како што информира,  до Кабинетот на Претседателот на Република Македонија доставил известување со кое бара судот да биде известен дали барањето е лично од претседателот или од друго лице во Кабинетот на Претседателот на РМ кое е потпишано на барањето.

– Воедно истакната е и потребата да се појасни од кои причини се бара на увид службена белешка и од каде Претседателот на Република Македонија ја црпи надлежноста да бара увид во судски докази и тоа во фаза на постапување по поднесен обвинителен акт и определни мерки за обезбедување присуство. За судот е важно да се обезбеди и истакне независноста во судското постапување и немешање во судските одлуки, пишува во соопштението на Основен суд Скопје 1.

Поврзани новости