459
Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, во вечерашната емисија „200“ на Алсат, рече дека меѓу клучните забелешки што ги имаат кон СДСМ е реториката што се практикува во последниов период.
„Поранешниот премиер и сегашен претседател на СДСМ, Зоран Заев, бара од гласачите 61 пратеник за да не го уценувала ДУИ. Тоа е помината реторика од времето на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, кога велеа дадете ни 61 пратеник за да не не уценуваат Албанците“, рече Османи.