Османи во телефонски разговор со Лавров побарал повлекување на руските сили од Украина

by Fokus

Министерот за надворешни работи Бујар Османи телефонски разговарал со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во пресрет на конференцијата на министерскиот совет на ОБСЕ која ќе се оддржи во Скопје. 

МНР соопшти дека Османи во својство на Претседавач со ОБСЕ разговарал со  со министерот со Лавров, и дека во разговорот, се осврна на предизвиците во регионот на ОБСЕ. 

„Министерот ја повтори приврзаноста на Претседавањето на Северна Македонија кон почитување на темелните принципи и заложби на ОБСЕ. Во тој контекст, уште еднаш ја потенцираше неопходноста од прекин на агресијата, повлекување на руските воени сили од Украина и почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. Во продолжение, министрите Османи и Лавров разменија мислења за најактуелни прашања поврзани со функционирањето на ОБСЕ“, соопшти МНР. 

Од МНР не дадоа детали од разговорот на Османи со Лавров за конференцијата на министерскиот совет на ОБСЕ.

Поврзани новости