Османи: Важно е да го почитуваме принципот за коалиција „победник со победник”

by fokus

ДУИ се чини дека не се откажува од намерата за повторно коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ. Портпаролот Бујар Османи во интервју за Гласот на Америка, порача дека при формирањето нова влада треба да се почитува принципот “победник во македонскиот со победник во албанскиот блок. Тој обвини дека во Македонија се вршело притисок за непочитување на овој принцип.

-Мислам дека тоа што доминира на сцената е почитување на потпишаните договори. Македонија во минатото постоела како таква само почитувајќи ги меѓународните договори. Еден од нив е Мајскиот договор од 2007 година, во кој се вели дека победникот кај албанската заедница го избира партнерот – победник кај македонската заедница. Почитувањето на овој принцип е многу важен, за да се зачува важноста што ја има албанската заедница и за да се зачува логиката која ја имаат изборите кај самите Албанци- порача Османи.

Инаку, мандатарот Никола Груевски има уште една недела рок за да состави нова влада. До сега, двете партии остануваат децидни дека нема да попуштат во своите спротивни ставови за двојазичноста и продолжување на мандатот на СЈО.

Поврзани новости