ДОM: Бесплатен јавен превоз за намалување на загадувањето

by fokus 21:11
21:11

Бесплатен јавен превоз за скопјани, побара денеска портпаролката на ДОМ, Маја Морачанин. Таа вели дека со бесплатниот јавен превоз ќе се намали користењето на автомобили, а со тоа и воздухот ќе биде помалку загаден.

-Скопјани стануваат се позагрижени поради загадувањето. Велат дека чадот и штетните честички во него многу им пречат, ги држат затворени дома, особено децата, ја влошуваат здравствената состојба на оние кои и без тоа се со кревко здравје. И поради сето ова бараат итни мерки. Скопје и натаму се вбројува меѓу најзагадените градови во Европа, барем според количеството на штетните ПМ 2.5 и ПМ10 честички. Истражувањата, спроведено од Институтот за јавно здравје, со поддршка од Европската Унија, укажува на уште поразочарувачки податок – дека 30 до 35% од болестите кај луѓето се должат токму на екстремно загадениот воздух во Македонија- рече Морачанин.

Поврзани новости