442
Претседателката на Косово, Вјоса Османи порача дека земјата нема да се откаже од основниот договор и дека Србија мора да почитува се што е договорено во Охрид.
Османи за приштинските медиуми изјави дека српската страна не почитува ниту еден договор произлезен од дијалогот.
„Србија и по 24 часа од средбата во Охрид не го почитуваше договорот, како што беше случајот во февруари, што докажува дека дијалогот за нив нема никаква политичка или правна вредност. Текстот на основниот договор останува ист и не се менува, така што членот 4 од тој договор, кој ја обврзува Србија да не се противи на членството на Република Косово во ниту една организација, останува на сила“, рече Османи, пренесува „Косово онлајн“.