Османи: Со војните сме завршиле, сега ни треба заеднички јазик

by fokus

Никогаш не сум рекол дека е можно да има војна ако има проблем со Законот за јазици, рече вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи во вечерашното издание на дебатниот магазин “Click Plus” на ТВ21.

Тој додава дека се работи за fake news.

„Пред 2001 имавме носење на одлуки само од една страна. По 2001 година одлуките се носат со консензус и така треба да биде“, посочува Османи и додава дека не кажал дека може да има војна.

„Со војните сме завршиле, сега ни треба заеднички јазик“, заклучува Бујар Османи.

Тој вели дека не е среќен кога лидерот на опозицијара, Христијан Мицкоски зборува на прес конференција за Законот за јазици.

– Законот за јазици не треба да биде партиска тема и за тоа да се обидуваат да поентираат. Затоа велам, не му помага на Мицкоски оваа тема, рече Османи.

Поврзани новости