Османи: Со политичка волја може да има договор за законот за обвинителство

by Фокус
Моментот е неповторлив, a разликите околу законот за Јавно обвинителство не се непремостливи, смета портпаролот на ДУИ и вицепремиер за евроинтеграции Бујар Османи.
-Политичките лидери ги знаат очекувањата на граѓаните и се договараат соодветно и ќе ги надминат своите почетни позиции за да се најде конечно решение – рече Османи.
Според него, со политичка волја може да се дојде до решение за законот за обвинителство.
– Како Влада имаме усогласен став по законот за јавно обвинителство и заедно го донесовме законот на владина седница. Во законот се инкорпорирани и ставовите на ДУИ – порача тој.

Поврзани новости