Загадувањето во Скопје над дозволеното, вечерните часови најопасни

by Fokus

Ноќните часови за жителите на Скопје се ризични за излегување надвор поради загадениот воздух кој го регистрираат мерните станици на Министерството за животна средина. Но, над дозволеното се и среднодневните концетрации на ПМ 10 честичките на мерните станици во Центар, Гази Баба, Карпош и Лисиче.

Мерењата во последните пет-шест дена покажуваат високи концентрации на ПМ 10 честичките на метар кубен во вечерните и ноќните часови, преку ден концентрациите според мерењата се пониски, но во одредени делови и периоди ги надминуваат дозволените 50 микрограми.

Така мерната станица Лисиче регистрирала загадување на 23, 24, 26 и 27 октомври. На 23-ти високи концентрации се забележуваат од 19 часот до 3 часот по полноќ, на 24 исто така вечерта од 18 до 04 часот по полноќ, на 26 од 19 часот до 01 часот по  полноќ и на 27, односно во изминатото деноноќие загаден бил воздухот од 18 часот до 01 часот по полноќ.

Од достапните мерења на веб страницата на Министерството за животна средина и просторно планирање во Гази Баба исто така е забележано во ноќните часови загдување на 23, 24 и 27 октомври и тоа исто со почеток од 19 часот па до 02 по полноќ.

Во Карпош дозволените концентрации се надминати еднаш во траење од четири часа и во Карпош од 19 до 02 часот.

Среднодневните концентрации се надминати и во Кичево, Тетово, Гостивар, Велес, Кавадарци и Куманово.

Поврзани новости